Автор и водител

„Пловидби“ – бран на позитивно освежување во ТВ етерот

Интервју со
Марија Костадиновска
1 ноември 2023

„Пловидби" ќе донесе бран на позитивно освежување во ТВ етерот. Нов атрактивен телевизиски проект што ќе плови меѓу мода и архитектура, животни приказни и искуства, егзотични вкусови и традиционални рецепти... Животен стил прикажан од секој аспект. Зад проектот се потпишува авторката Марија Костадиновска со комплетната поддршка на нашиот етаблиран бренд ЕЛЕНА ЛУКА кој долги години е симбол за успешен спој на мода и архитектура и токму тоа е нишката што го поврзува со идејата за овој проект.

Марија покрај тоа што јавноста ја познава како писателка за деца, голем дел од својата професионална кариера ја поминала на отворено море како професионален едриличар, искуство кое и ќе ја инспирира за насловот и концептот на емисијата.

За деталите дознавате од нашиот разговор што го реализиравме во прекрасниот амбиент на нејзиниот дом во склоп на еден од светските станбени објекти на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ во населбата Аеродром, Скопје – CONNECT 5, каде ја реализиравме и нашата фотосесија за ова насловно интервју во кое Марија изгледа волшебно стилизирана од ЕЛЕНА ЛУКА во уникатни креации на брендот. Во секоја емисија Марија ќе носи врвни дизајни на ЕЛЕНА ЛУКА што ќе му дадат светска модна нота и посебен стилски карактер на овој нов телевизиски проект.

Како метафора на животот, „пловидби" секој може да ја протолкува низ призма на индивидуалните искуства и токму затоа ова е вечно актуелна тема секогаш интересна за дискусија. Но, Марија што за Вас симболизира „пловидби"?

- Пловидби е мојот сон, кој станува јаве. Една авторска креација, која го симболизира сиот мој живот. Тргнувајќи од мојата животна пловидба, посакав да ги чујам, животните пловидби на другите. Лично за мене, животот го гледам, како едно бесконечно сино море, ние сме пловилото, а пловидбата е себеспознавањето. Кога вистински ќе се запознаеме себеси, подготвени сме да ги запознаеме и другите и да пловиме заедно со нив.

Новиот проект во најава што очекуваме наскоро да „исплови" во ТВ етерот, неслучајно го носи токму насловот „Пловидби". Каков е концептот на емисијата?

- Ние кај нас, за жал немаме море. Па затоа решив да го донесам морето, преку една метафора на животната пловидба на нашите луѓе. За да плови еден брод, најнапред се потребни голем труд, работа и подготовки, вооедно и многу стручен и професионален екипаж. Така што, продукцијата и соработките се склучени со најголемите професионалци во државава. Сите се внимателно одбрани. Пловидби ќе биде ТВ – проект, пред сѐ многу уникатен и автентичен. Модерен, забавен и интересен, со многу позитивна енергија. Но во суштина, ќе одговори на многу длабоки животни теми и прашања. И ќе отвори, уште толку многу прашања на анализа и себеспознавање. Инаку, снимањето на ПЛОВИДБИ ќе биде во мојот дом, кој воедно е и во склоп на еден од прекрасните објекти на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ – CONNECT 5.

Кога станува збор за архитектура и дизајн сум голем перфекционст. Сите материјали и квалитет на работа ги забележувам. Посветена сум на секој еден детаљ. Така што, со ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ комплетно ни се совпаднаа стандардите на работа за архитектура, дизајн и уметност. А тука се роди и довербата за понатамошна сорабтка. Инаку, снимањата почнуваат со тоа што најнапред ќе се подготвувам за пречекување на гостите. Онака, како што, секогаш правам. Ќе го подготвам домот -студио да изгледа чисто и уредно, ќе испазарувам, ќе зготвам некое вкусно јадење, ќе ја подготвам и издекорирам масата... А кога сѐ ќе биде подготвено, доаѓа гостинот кој ќе нѐ понесе на палубата од своите животни пловидби.

Концептот на ПЛОВИДБИ ќе биде, бран на вистинско освежување на нашиот етер!

Целиот проект го работите во соработка со ЕЛЕНА ЛУКА? Како нашиот етаблиран бренд е дел од приказната и што може да очекуваме од вашата заедничка соработка?

- ЕЛЕНА ЛУКА, беше првата која ја даде својата неизмерна поддршка, уште кога проектот беше само идеја. Таа поддршка за мене, пред сѐ, има многу големо духовно значање. Тешко е на денешно време, некому да верувате. А ЕЛЕНА ЛУКА верува во мене, пред сѐ како личност, во квалитетот на мојата креативноста и иновативноста, која ја носам во себе и целиот проект. За мене тоа претставува огромна чест и задоволство. И самиот бренд, ЕЛЕНА ЛУКА си има своја животна пловидба, индивидуална и оригинална преку спојот на модата и архитектурата кои со децении успешно пловат и се издвојуваат од останатите. Така што, ние заедно, со „високо кренати едра" – ќе пловиме кон нови хоризонти, ќе се почитуваме и поддржуваме.

 А зошто Вие ѝ ја дадовте довербата на ЕЛЕНА ЛУКА и ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, односно одбравте дом токму во еден од нејзините светски станбени објекти, CONNECT 5 каде сега и ќе се реализира емисијата?

- Во животот се стремам кон квалитет, а не квантитет. Во секоја смисла на зборот. А креативната мултимедијалност од секогаш ме фасцинирала. ЕЛЕНА ЛУКА и ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ се прекрасен спој на мода со архитектура. Кога одбирате дом или облека мора да ви е најудобно во истото. Пред сѐ да се чувствувате многу пријатно. А потоа и да ја доолови вашата експресија и животен стил. Токму тоа се случи кај мене, затоа и се одлучив стдиото кое во иднина го планирам, да биде повторно во објект на ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ, CONNECT5+. Но, тука е и модата на ЕЛЕНА ЛУКА која од секогаш ми била светска и оригинална, па затоа ЕЛЕНА ЛУКА за секоја емисија ќе создаде тематска креација, која ќе го отсликува мојот карактер, дух и темперамент. За овој проект стандардите и очекувањата се многу високи, затоа и соработките се на истото ниво. Морав да бирам и цврсти лидери, тие навики ги носам од работата и соработките во странство. А, ги има и кај нас. Една од нив е токму ЕЛЕНА ЛУКА - жена линдер – ретка на таква позиција во градежна индустрија. Од која може и многу да се научи. А, јас многу сакам да учам и има уште многу што да научам од такви жени.

Кој ќе Ви прави друштво на пловидбата, како ќе ги бирате гостите и на кои теми ќе дискутирате?

- Во Пловидби ќе бидат гости, луѓе од најразлични бранши и професии. Академци, писатели, уметници, музичари, спортисти, глумци, пејачи, бизнисмени, доктори и многу други, кои имаат да ја раскажат уникатноста на својата животна пловидба.
Во Пловидби говориме за љубов, истрајност, амбиција, работа, труд, хоби, среќа, семејство, вистински вредности, подеми и падови. Говориме за животот.

Долги години од Вашиот живот ги поминавте во пловидба и тоа во буквална смисла. Какви искуства Ви донесоа?

- Најнапред почнав да едрам и тоа точно пред 13 години. Во првите 6 години едрев само по Медитеранот, за време на летото. На есен, се враќав дома и бев комплетно посветена на студиите кои ми беа неизмерна љубов и среќа. Дипломирав на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески" во Скопје. На катедрата за македонски и јужнословенски книжевности. Книжевноста и јазикот се душата на еден народ, и за мене студиите и истражувачката работа и анализа во книжевноста, како и самото пишување и креирање имаат посебно место во моето срце. По дипломирањето решив професионално да се занимавам со едрење. Во Шпанија го сертифицирав моето искуство преку обуки, тренинзи, курсеви и професионални испити од лиценцирани светски морнарски асоцијации. Желбата да го видам светот и да ја оспознаам слободата ме впуштија во прекуокенски пловидби...

Покрај тоа што јавноста Ве препознава како успешна писателка на литература за деца, Вие сте и професионален едриличар и главна и одговорна за целиот ентериер на приватни и чартер Супер Јахти. Како се стигнува до бесконечната морска ширина? Со какви предизвици ве соочи патот до таму?

- „Вистинска приказна за двете соседни кралства" и „Волшебните прегратки" се книги за деца, преку кои, децата и нивните родители ме препознаваат. А, веќе втора година истите се дел од студиската програма по предметот „Литература за деца" на Филолошкиот Факултет „Блаже Конески" во Скопје. Тоа е едно сериозно исчитување и анализа од компетентните читатели, студентите на Филолошкиот Факултет, идните професори, јазичари, аналитичари и истражувачи.

Книжевноста и пловидбите за мене имаат една голема поврзаност. И едното и другото ми даваат неизмерно чувство на среќа, слобода, исполнетост и бесконечност. А како се стига до таа бесконечност? Одговорот е многу едноставен. Само со многу желба, работа, труд, посветеност, истрајност и дисциплина. Исто онака, како што се стига и за секоја друга професија, која за вас, претставува сон. Предизвиците и препреките беа чести, но на нив гледав како показател, дека сум на вистинскиот пат, на вистинската животна пловидба. Сакајте го тоа што го работите и правите, но сакајте силно, од длабочината на вашето срце и ќе стигнете секаде, каде што ќе посакате!

Верувам дека бара сериозна психофизичка подготовка пред да испловите на отворено море...?

- Психофизичките подготовки се многу сериозни. Отвореното море колку и да изгледа магично, шармантно и опојно, има и една друга своја страна. Морето кога е „луто" навистина изгледа страшно. Бурите, невремето, силните ветришта кои сите ги знаеме носат уште многу други потенцијални проблеми кои можат да се случат на отворено море. Нејчесто се случуваат пожари, повреди на екипажот, оштетувања на самото пловило, и во најнесакани случаи тонење и повикување на помош за спасување. Не сакам, никого да заплашам, но тоа е реалноста. Екипажот пред сите свои, индивидуални квалификации и ранкови кои ги носат на своето рамо, мора да бидат обучени за пожарникари, медицинаски лица кои ќе укажат медицинаска помош, лица за спасување на пловилото и спасување животи. Но, како и во животот така и на пловидбите, треба да бидеме подготвени на сѐ и да се носиме смирено и рационално да постапуваме пред секој еден животен предизвик или проблем.

Како изгледаше еден ден во тие 13 години поминати во пловидба?

- Многу е тешко да се издвои еден ден, бидејќи, сите денови се многу различни и посебни. Во зависност дали сум на едрилица или на супер јахта. Дали сме во подготовки за пловење или веќе пловиме. Какви се плановите и кои дестинации се предвидени за посета. Дали се пловидби од спортски тип, регати, трки и натпревари за едрење или пак полуксузниот дел на приватни и чартер гостување итн. Но, во секој случај се многу предизвикувачки и никогаш не може да ви е здодевно.

Би му се вратиле ли повторно на тој бесконечно син хоризонт?

- Апсолутно! Не сум се отакажала од пловидбите. Само во моментот приоритет добива проектот ПЛОВИДБИ и желбата, да бидам повеќе дома со своето семејство и пријателите. Воедно да го гледам внук ми Теодор како расте, кој неизмерно го сакам.

Продукција и стајлинг: ЕЛЕНА ЛУКА

Локација: CONNECT 5, ЕЛЕНА ЛУКА ХОУМ

 

Објавено:
1 ноември 2023
object(stdClass)#492 (8) { ["nid"]=> string(5) "31104" ["ga_count"]=> string(1) "0" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(1) "0" ["ga_count_week_start_date"]=> string(1) "0" ["ga_count_day_start_date"]=> string(1) "0" ["fb_count"]=> string(1) "0" }