Џеф Безос и Лорен Санчез мета на негативни коментари за фотосесијата во Вог

14 ноември 2023

Во последното декемвриско издание на американскиот Вог се најдоа и два лика коишто според многумина и не се материјал за во престижниот магазин.

Милијардерот Џеф Безос и неговата свршеница Лорен Санчез се мета на негативни критики откако се појавија во декемврискиот број.

На една од фотографиите двојката позира во вестерн издание, прегрнати во ретро комбе.

Основачот на Амазон носи кафен каубојски шешир, црна маичка на кратки ракави и сини фармерки, додека некогашната водетелка ги покажува своите мускулести раце во бел топ.

Сепак Џеф, 59, и Санчез 53, не им се допаднаа на голем број фанови на Вог па оттаму и негативните коментари како зошто воопшто треба да ги има нив во магазинот.

Фокусот е сепак ставен на Лорен, па освен со свршеникот, таа позира седната и во хеликоптер, во пустина и во индустриски хангар.

Интересен е и комичен е коментарот од еден фан дека Санчез помалку наликува на Стивен Тајлер, фронтменот на Аеросмит.

Безос ја побара за жена Лорен во мај годинава, а двојката е заедно од 2018-та.

Претходно милијардерот беше во брак 25 години со Мекензи Скот и заедно имаат четири деца.

Санчез има две деца со поранешниот сопруг и уште едно од претходна врска.

Фото: Vogue

Објавено:
14 ноември 2023
Категорија: 
Сцена