По ѕвездата на серијата „Озборувачка“, Тејлор Момсен, пејачаките Кели Озборн и Џорџија Меј Џегер, која се уште е актуелното лице, Рита следна ќе ја има таа чест.
Како пренесуваат странските медиуми, Мадона и Рита се сретнале минатата недела во Њујорк и се договориле околу соработката. Изборот на новото заштитно лице всушност го направила шеснаесетгодишната ќерка на Мадона, Лурдес, која откако пристуствувала на концерт на Рита била импресионирана од неа. Поп кралицата, била воодушевена од однесувањето на помладата колешка, која пак, е голем обожавател на Мадона.
Рита се надева дека овој ангажман ќе ѝ помогне да го освои американскиот пазар, на кој се уште не е толку популарна како на британскиот. Соработката која и двете пејачки ги прави среќни е тешка пола милион фунти.