Магични снежни кралства за сите возрасти

23 ноември 2023

Ice Castles е прекрасен зимски феномен во форма на снежни кралства кои навечер светат во сите бои. Изгледаат навистина бајковито и примамуваат посетители од секоја возраст.

Постојат од 2011 и секоја година имаат по некоја нова зимска авантура. Овие кралства ги има во Минесота, Њу Хемпшир, Њујорк и Висконсин, а идејата за нив дошла сосем случајно.

Зад нивната приказна стои Брент Кристенсен, кој за прв пат направил ледена креација во дворот за да ги воодушеви своите деца. Оттогаш Ice Castles се прошири во пет американски градови, но целта остана иста – создавање на незаборавни зимски спомени.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ice Castles (icecastles)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Ice Castles (icecastles)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Katie (huffnpuff2buffntough)

Во кралствата можете да најдете креации од типот на кули, пештери, тунели, ледени фонтани, скулптури...

Можете да одморите на ледениот престол и да се напиете нешто по желба во снежниот паб.

За децата најинтересни се снежните тобогани, како и возењето со санки. Во некои од просториите се наоѓаат и шумски самовили, снежни кралици и останати интересни, зимски ликови.

Навечер кралствата светат во разни бои и глетката станува уште помагична.

 Фото: Facebook/Ice Castles

Објавено:
23 ноември 2023
Категорија: 
Култура