Среда е убав ден за мини плисирано здолниште и црна ролка. Безвременски и шик парчиња коишто ќе ги комплетираме со црни чизми над колена и окер капут.

Овие две бои се секогаш одличен избор особено во зимските денови. Вака стилизирани ја потенцираме женственоста, а истовремено имаме урбана и тренди комбинација.

Дополнуваме со црна елегантна чанта.

Имајте убава среда.

Фото: Pinterest

Објавено:
13 декември 2023
Категорија: 
Стајлинг на денот