Време е за пролетно уредување - пастелни бои во ентериерот

17 март 2024

Како што доаѓа пролетта добиваме се поголема желба за мало освежување на просторот во којшто живееме.

А кога ќе ни затреба мала инспирација тука се мноштвото прекрасно уредени домови на Инстаграм од коишто неретко црпиме по некоја идеја.

Нашиот денешен стан се наоѓа во Германија, а неговата сопственичка Даниела се погрижила домот да ја пречека сезоната што следи во најдобро можно издание.

Целиот стан го красат пастелни бои – базичната нијанса е кремаста, а истиот изобилува и со голема доза на природна светлина.

Во секое катче провејува романтична нишка, како низ мебелот така и низ деталите коишто го дополнуваат.

Розевата и портокаловата боја ја отсликуваат женственоста во уредувањето, додека светлото дрво уште повеќе го отвора просторот.

Објавено:
17 март 2024
Категорија: 
Архитектура