Одлични стилски комбинации со анимал принт

26 мај 2024

Анимал принтовите се секогаш моќни и ефектни. Доволно е едно парче во гардеробата за да добиете стајлинг којшто ќе заврти многу погледи.

Тие постојано се присутни како микро тренд, ги гледаме и оваа пролет, а ги очекуваме и во претстојната летна сезона.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by marijaraic_

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by cananulugol (cananulugol)

Од панталони и фустани, па сè до чанти и чевли, анимал принтовите ги има во разни комбинации.

Најзастапен е леопард принтот, но сепак одвреме навреме сретнуваме и поинакви слично ефектни варијанти.

Доколку се одлучите за панталони со принт, најдобро е да ги споите со бела маичка и блејзер или пак кошула и црвени чевли.

Макси фустаните се прилично моќно парче сами по себе, па треба да внимавате со останатата облека и додатоците.

Црвената боја на потпетици е секогаш полн погодок, а ако сте за покежуал варијанта тогаш одберете патики и oversized јакна.

Кога станува збор за додатоци тука ја имаме чантата со анимал принт која што секогаш изгледа шик.
А не ги забораваме и чевлите коишто ја подигнуваат секоја комбинација на едно повисоко ниво.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bukumirovic Milica (milicaa_22_)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (isabellae)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Yasemin Ögün (modatutkusu)

Објавено:
26 мај 2024
Категорија: 
Тренд