За овој вторник се одлучивме на урбана и шик комбинација во рокерски стил со доза на романтичност.

Предложуваме макси црвено здолниште со цветен принт коешто го дополнуваме со црн ремен.

Комбинираме со црна маичка во рокерски стил и бели старки.

Финишираме со мини црна чанта и ви посакуваме убав ден.

Фото: Pinterest

Објавено:
3 јуни 2024
Категорија: 
Стајлинг на денот