Специјална награда за Кејт Мос

29 ноември 2013

Kejt

Кејт Мос ќе прими Специјална награда за придонес во модната индустрија, во текот на нејзината 25 годишна кариера, на Британските модни награди кои ќе се одржат наредната недела.

Една од најплатените девојки на Вог, има 34 насловни страници за британското издание на Вог. Всушност од 1993 година, нема година без да ја нема на насловна на Вог, затоа и не чуди фактот дека таа стана еден од уредниците во ова списание.

Откако од 1987 година се зачлени во „Storm Models“, Кејт се најде на ревиите и кампањите на најпознатите светски дизајнерски имиња и брендови како Александар Меквин, Келвин Клајн, Ив Сен Лоран, Диор, Шанел, Луј Витон.

Мос беше инволвирана во некои од најголемите и важните моменти во модата - од холограм појавувањето на ревијата на Александар Меквин, до модното шоу на затворањето на Олимписките игри во Лондон.

Во продолжение погледнете дел од највпечатливите насловни страници со Кејт Мос.

Објавено:
29 ноември 2013
Категорија: 
Актуел