Модерните елки на светските дизајнери со хумана мисија

5 декември 2013

Во пресрет на денешниот настан организиран во City mall во Скопје, каде повеќе домашни дизајнери, стилисти и модни новинари ќе декорираат и изложат свои новогодишни елки, еве како во тој поглед размислуваат светските дизајнери.

Дизајнерите и брендовите како Жан Пол Готје и Кристијан Диор одговорија на предизвикот новогодишните елки да ги погледнат од еден поинаков агол и за нив да размислуваат како за модна дизајнерска креација, и додадоа свој печат на празничната магија.

Жан Пол Готје Жан Пол Готје

Целиот настан има хуманитарен карактер, па дизајнерските елки ќе бидат ставени на аукција која ќе се одржи на 9-ти декември во парискиот хотел „, Salomon de Rothschild“, а парчините средства собрани од истата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Кристијан Диор Кристијан Диор

Луј Витон Луј Витон

Хермес Петит Хермес

Објавено:
5 декември 2013
Категорија: 
Актуел