Моќта и мистичноста на една жена, повторно се инспирација за дизајнерот со еврејско потекло, Зак Позен. Во неговата најнова пред есенска колекција за 2014 година преовладува црната боја како и за есента која измина, но овој пат, со вметнати и шеќерни нијанси, огнената црвена, белата и земјините тонови кои ја разбиваат црната кај повеќето од моделите.
Дизајнерот од конструкцијата на парчињата сака да ја пренесе софистицираноста, женственоста, отменоста и моќта преку наметките вметнати во одредени парчиња од оваа есенска колекција. Макси елегантни како и балски асиметрични фустани, пенкало здолништа, фустани со должина до колена, капути и крзно. Според дизајнерот, од оваа колекција, секоја жена што претпочита елеганција може да си избере по нешто, како за на работа така и за вечерен официјален и свечен настан.