Ештон Качер е опседнат со својот изглед

16 декември 2013

Според  информации од светските медиуми, познатиот актер Ештон Качер, кој ја почна кариерата како манекен , е опседнат со тоа како изгледа, зашто многу набрзо треба да потпише договор со некоја угледна модна куќа. Наводно, Ештон периодов енормно троши пари на брендирана гардероба и сака да изгледа подобро од било кога. Инаку, додека работеше како манекен, Качер беше заштитно лице на Келвин Клајн. Претпоставките се дека тој треба да рекламира долна облека, името на брендот со кое актерот ќе склучи договор засега е непознато.

Објавено:
16 декември 2013
Категорија: 
Сцена