Шанел ја лансираше новата линија шминка за наредната пролет
•
24 декември 2013
Модната куќа Шанeл ја лансираше новата колекција на декоративна козметика за претстојната топла сезона пролет-лето 2014 година. Целосната понуда од новата линија на шминка во продавниците на Шанел треба да пристигне официјално во јануари, но како и секогаш модната куќа подготви мало изненадување за припадничките на понежниот пол и во пресрет на новогодишните празници реши да ги изненади со пуштање во продажба на неколку производи.
Примамливата понуда содржи интересни опции на бои од сенки, меѓу кои и виолетова во сите нијанси која од страна на модните експерти беше прогласена за боја што ќе ја одбележи претстојната сезона.