Како да станете џентлмен

25 декември 2013

Тие џентлмени што велат дека човек се раѓа како џентлмен, се плашат од оние вистинските џентлмени кои доаѓаат!

За да станете џентлмен треба многу работа, во оној момент кога работата ќе ви стане професионална деформација, која луѓето нема да ја забележуваат, тогаш вистински ќе успеете да станете џентламен.

Манири на еден џентлмен се невидливи надворешни и внатрешни ампутации. Вие најчесто имате ампутиран грб, рака, врат, колена, бутини, задник. Сите ампутации се невидливи и подеднакво важни.

dzentlmen-fi

Важно е држењето на еден џентлмен, тој мора во првите моменти да чувствува ужасна болка во половината, која е предизвикана од болката во која се допираат неколку пршлени истовремено. Доколку почувствувате нелагодност и во еден момент се опуштите ќе добиете дискунитет, односно изместување на пршлените, тоа луѓето лесно ќе го забележат кај вас!  Мора болката да ги затега мускулите во долниот дел од грбот и со мускулите на задникот, а ’рбетот доаѓа до желудникот, што ви го прави стомакот повлечен и вие мора да чувствувате насмевка, додека вашето тело рони солзи. Ногата секогаш оди напред од коленото и се приземјува од прстите кон петицата. Вратот и брадата, секогаш мора да образуваат лак од деведесет степени. Секогаш кога чекорите, треба да сте како во афектна ситуација, односно да излезете од своето тело и да се гледате самите себе си. На крај, по долго вежбање, извадете ги сите помагала и опуштете се, светот е ваш!

Најважно од се’ за еден џентлмен е почитта и односот кон нештата. Почитта на секој и на самиот себе си, на облеката, на храната, на туѓите манири и на вашите, односот кон самиот себе, другиот и реквизитите. Морате до совршенство да научите да манипулирате со реквизитите, бидејќи така ќе го тргнете вниманието од себе и за момент ќе земете енергија. Така нема да станете досадни. Научете да хипнотизирате, тоа е улогата на реквизитите кај еден џентлмен! Колку и да изгледа гордо вашата глава, за да станете џентлмен, најпрво убијте ја вашата гордост. Џентлмен е единствената титула која не може да се купи со пари, а е општо  признаена и почитувана во целиот свет. Почитувањето е дел од сите религии, а џентлменството е религија која ги потикнува внатрешните манири да прејдат кон надворешноста, никој нема да ви забележи доколку вие сте тоа вистински. Мора да го храните моралот, а кога моралот ќе стане завист вие сте вистински учител- џентлмен, човек кој во вас ќе ја увиди својата слабост и вистински ќе сака да ја столчи.

 

Автор: Илија Илов

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Стил