Дизајнерката Камил Мајсли се враќа во Луј Витон

25 декември 2013

Камил Мајсли дизајнерката на накит, повторно се враќа да работи за модната куќа Луј Витон и ја отстапува својата функција во Диор каде ќе остане да дизајнира накит се до месец јануари. Таа во 2009 година стана дел од тимот на Диор после 12 години работно искуство во Луј Витон.

Инаку, во 1997 година Мајсли во модната куќа Луј Витон почна да работи како лице за односи со јавност, за подоцна во 2003 да стане главен дизајнер за изработка на накит. Камил Мајсли е позната по тоа што изработува уникатен накит од маретијали како дрво, пластика и рачно насликани материјали.

Објавено:
25 декември 2013
Категорија: 
Актуел