Чанти кои нема да поминат незабележително

30 декември 2013

Вљубениците во уметноста ќе бидат воодушевени од пролетната колекција чанта од Миуча Прада. Италијанската дизајнерка е позната по тоа што обожава да прави спој помеѓу двате омилени сфери уметноста и модата и тоа го прави доста успешно. За новата колекција таа соработуваше со четворица сликари и двајца илустратори кои работеа на проектот „In the Heart of the Multitude“ и кои за пролетната ревија во Милано направија монументална илустрација од женски ликови.

Женските ликови преовладуваа низ облеката и аксесоарите, а сепак најголемо внимание привлекува токму чантите, кои се всушност уметнички дела од Gabriela Specter, Jeanne Detallante и Stinkfish. Илустрираните портрети на женските лица на чантите со коцкасти димензии ќе бидат највпечатливиот пролетен хит за 2014 година.

Објавено:
30 декември 2013
Категорија: 
Модни додатоци