Како да ја преживеете постпразничната депресија?

3 јануари 2014

Подароците се отворени, песните испеани, салатата изедена. Да, Новата година помина, а со неа полека и доброто и весело расположение.

Не е тајна дека многумина по завршувањето на празниците можат да паднат во депресија. Чувството на тага поради завршувањето на празничната сезона која за многумина е најубавиот период во годината, може да предизвика симптоми на блага депресија.

Доколку тоа е случај со вас, прочитајте ги следните неколку совети за тоа како да го преживеете овој постпразничен период и да се вратите на старите обврски и радости.

1. Очекувајте го разочарувањето

Пред се, обидете се да си кажете себеси дека тоа им се случува и на другите и дека не сте единствената што поминува низ ваков постпразничен, депресивен период. После толку слободни денови, прекрасни мигови поминати со семејството и исклучително вкусни јадења и седенки до утринските часови, многу е нормално дека сето тоа ќе ви недостасува кога ќе се вратите на старите обврски. Бидете силни и продолжете онаму каде што застанавте.

2. Направете планови

Дајте си себеси нешто за што ќе се радувате однапред. Направете неколку скромни планови за новата година, но такви за кои знаете дека има можност да ви се остварат. Обидете се да создадете точни планови како ќе го завршите сето она што го започнавте изминатата година. Веднаш по празниците излезете во шопинг со пријателките и испијте го првото кафе со нив, раскажувајќи како поминавте за празниците.

3. Здрав избор

Оваа година зададете си задача дека повеќе ќе се грижите за вашето тело. Веднаш по празниците запишете се во некој фитнес центар и конечно почнете да вежбате. Размислувајте на тоа дека следат убави мигови и почнете да го планирате и годишниот одмор како мотивација да дадете се од себе за телото што отсекогаш го посакувавте.

4. Излезете во јавност

Многумина за време на оваа т.н постпразнична депресија се затвараат дома и гледаат репризи од новогодишните филмови, но тоа е сосема погрешно. Јавете им се на вашите пријателки или роднини со кои не сте се виделе одамна и повикајте ги на кафе некаде надвор или пак одветете го миленичето на долга прошетка низ паркот.

5. Побарајте помош

Понекогаш е доволно некој само да ве ислуша, па веднаш да ви биде полесно. Доколку сакате да ја запечатите изминатата година за која сметате дека не ви била доволно успешна, раскажете и на пријателката се за последен пат и конечно почнете да уживате во новата година со ведрина и свеж дух како никогаш досега.

Објавено:
3 јануари 2014
Категорија: 
Актуел