Уникатната чанта на Ермес, изработена од крокодилска кожа е најскапата на светот. На неодамнешната аукција на луксузни предмети во Текстас, продадена е за 125.000 долари.
Она што е посебно интересно е што почетната цена на чантата со назив „Geranium Porosus“ била за половина пониска од крајната. Произведена е во 2010 година, за лондонска изложба. Всушност, таа е дел од проектот на Ермес во кој чантите се правени од ретки материјали и ткаенини.
Необичната чанта е долга 32 сантиметри е е еден од многубројните модели на оваа куќа застапени на аукциите. Свои адути имаа и Шанел, Луј Витон, Селин и сите успеаја да достигнат цена од неколку десетици илјади долари, но само оваа, благодарение на купувачот, кој остана анонимен, влезе во историјата.
Сепак, и покрај високата цена и вредноста, многумина сметаат дека оваа чанта не е најдобрата од Ермес. За голем број љубители на чанти, овој модел воопшто не е привлечен, а поради широките и големи „ногарки“, изгледа како да има нозе.
Ви се допаѓа ли вам?