Проновиас слави 50 години постоење

27 јануари 2014

Pronovias_450-GRUPO-FINAL

Брендот Проновиас препознатлив по венчалните фустани оваа година слави 50 години постоење. Токму по тој повод тие организираат неколку начини да го прослават овој јубилеј.

Бајпрвин ќе излезе книга за 50-годишната историја на фирмата во социјален, историски и економски контекст, вклучувајќи ги и создавањето и еволуцијата на брендот. Книгата ќе содржи и сведочења од оние кои учествувале или соработувале со Проновиас во изминатите 50 години како дизајнери, невести, модели, претставници, вработени и сл.

За 50 години колку што постои, Проновиас соработуваше со големи дизајнерски имиња како Педро Родригез во 1970-тите, Франческо Аренас во 1980-тите, Мануел Мота им се придружи во 1990-тите, Емануел Унгаро, Валентино и Бедглеј Мишка во 2000-тите, па се до моменталната соработка со Ели Саб и колекцијата насловена како „Elie by Elie Saab“.

Исто така, на едно место ќе бидат собрани колекции од фустани и репрезентативни парчиња од историјата на брендот, кои наскоро ќе бидат изложени во Барселона, а ќе имаат можност да ги видат и вљубениците во нивната работа во Њујорк и Милано.

EL-SUIZO_Facahada

Презентацијата на колекциите Pronovias и Atelier Pronovias 2015 ќе биде уште еден од начините да се прослават 50-те години во модната индустрија. За таа цел ревијата ќе има и уникатна сценографија. И овој пат ќе бидат видени познати личности, а во досегашните пригоди со своето присуство во првите редови ги почестиле Франческа Иствуд, Петра Немцова, Аманда Хрст, едерица Пелегрини, Исабел Прајслер, Тамара Фалко, Ана Бојер, Геновева Касанова и многу други.

-Оваа, 2014 година ги претставува сонот, возбудата, љубовта и страста за професијата која ни овозможи да ги облечеме соништата на невестите шитум светот, а со тоа и да ги остваруваме половина век наназад. Компанијата се обврзува да продолжи да создава фустани за да ги „облече“ соништата и во наредните 50 години- велат од брендот.

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Актуел