Млади македонски дизајнерки меѓу талентите на Vogue и MUUSE

30 јануари 2014

Повеќе од 200 млади дизајнери ги испратија своите апликации за првото издание на проектот „ MUUSE x VOGUE Talents - Young Vision Accessories Award 2014“.

Ксенија Котева Ксенија Котева

Меѓу сите тие млади таленти, се најде и ултра креативната скопјанка Ксенија Котева која со очилата за сонце со супер додатоци, чантата во форма на уста во темно црвена боја и онаа со интересни шари ќе се бори за престижната награда. Покрај неа и младата Лидија Јовановска со адреса во Лондон претендира за престижната награда со нејзините уникатни креации на чанти.

Лидија Јовановска Лидија Јовановска

Сега е ред на сите оние вљубеници во модата, поддржувачи на младите македонски таленти да гласаат и Ксенија да влезе помеѓу 50 – те најдобри.

Победникот ќе биде прогласен следниот месец, а истиот ќе го изберат уредниците на Вог за млади таленти. Наградата на најдобриот дизајнер избран од публиката, ќе биде доделена на 5 – ти март годинава.

Ксенија Котева Ксенија Котева

Избраниот дизајнер ќе има можност да соработува со MUUSE, односно да дизајнира капсулна колекција за нив и истата да биде продадена под името на брендот.

Лидија Јовановска Лидија Јовановска

Покрај ова, победникот ќе има можност да добие свои сопствени страници во италијанскиот Вог каде ќе биде презентирана неговата работа.

Сите оние што сакаат да ја поддржат неверојатната работа на младата Ксенија и Лидија, ќе имаат можност да гласаат за нив до 17 февруари. Нивните дизајни се навистина неверојатни и говорат една сосема поинаква, креативна приказна. Тие се единствени и уникатни, нешто што не може да се најде во било која продавница. Сите девојки што ги носат нивните модни додатоци се специјални и навистина впечатливи.

Ксенија Котева Ксенија Котева

Младата дизајнерка Ксенија Котева има дипломирано моден дизајн на „Академија Италијана“ во Фиренца, а нејзиното образование го продолжила на мастер студиите за дизајн на модни додатоци во Милано. Лидија пак, има 10 годишно работно искуство како дизајнер низ светските метрополи, а своето образование го завршила на ESMOD Paris со специјализација – Woman’s ready to wear.

Лидија Јовановска Лидија Јовановска

Објавено:
30 јануари 2014
Категорија: 
Актуел