Брендот за чевли Рене Каовила слави 80 години постоење
•
4 февруари 2014
Италијанскиот бренд за чевли Рене Каовила слави 80 години јубилеј оваа година и подготвен е тоа да го направи со стил.
Манифестацијата со која ќе се одбележи јубилејот се планира да се одржи во Венеција, каде што и е создаден и самиот бренд. Исто така планирано е во чест на 80 годишното постоење да се промовираат и две капсулни колекции на обувки инспирирани од дизајните низ годините кои ќе се најдат во продажба само во трговските центри Бердоф Гудман и Неиман Маркус.