Карл Лагерфелд одговара на прашања на читатели на Harper’s Bazaar

11 февруари 2014

Зад себе има богата кариера, изострен вкус за мода и е движечка модна легенда, а во новото издание на Harper’s Bazaar дава одговори на читатели на модниот магазин.

Кога би биле некое модно парче, кое би било тоа и зошто?

Белата маица бидејќи е беспрекорна.

Која храна би бил?

Печурки. Може да бидат смртно опасни.

Сребро или злато?

Сребро, платинум и бело злато. Не сакам жолто злато.

Која е причината и оваа сезона за да се носат балетанките?

Погледнете се во огледалото и се ќе ви биде јасно.

Што мислите за кратките женски фризури?

Зависи од формата на лицето. Лично никогаш не сум бил голем фан на претерано долгите коси.

Што мислиш за Мајли Сајрус?

Храбра е! Луѓето не би требало да се срамуваат бидејќи останатите тоа ќе го искористат.

Би сакале да се заглавите во лифт со...?

Шупет

Што треба да направи некоја девојка доколку на иста забава и друга девојка е облечена во истиот фустан?

Нека изведе стриптиз или нека глуми дека изгледа подобро од другата.

Дали пееш додека се тушираш?

Не пеам, се бричам додека се туширам.

Најпозната квота по која се водиш?

Дури и најбавните катастрофи се минливи.

Дали би ја скратил косата?

Не, таа е мој заштитен знак.

Што е тоа што би ги изненадило луѓето ако дознаат за тебе?

Би се изненадиле од вистината!

Објавено:
11 февруари 2014
Категорија: 
Сцена