Чанта од Хермес за 203.150 долари

6 јуни 2013

Чантата со потпис од Хермес постигна светски рекорд како најскапо продадена чанта на јавна аукција. Култниот модел од крокодилска кожа со дијамант отиде во рацете на анонимен купец по цена од 203.150 долари.

Глумицата Џејн Биркин која била инспирација за создавањето на таа чанта, а и како член на овој бренд успеала да ги наговори челните лица дел од финансите да ги насочат за добротворни цели. „Кога видов колку пари заработува Хермес, ги замолив да се приклучат во нивно донирање. Оваа година дел од сретствата беа наменети за јапонскиот црвен крст, а другите за нахранување на сиромашните во Франција. Овој наизглед тривијален аксесоар им помогна на многумина” – изјавила Џејн.

Објавено:
6 јуни 2013
Категорија: 
Актуел