Оштетената коса може да се спаси и обнови во неколку чекори

7 јуни 2013

Применете 12 мали промени во негата на косата и веднаш ќе забележите обновување на влакното на косата. Шампонирањето на врвовите на косата предизвикаува кршење и пукање на влакното, па внимавајте како ја миете косата, а пеглата и фигарото нема да ѝ штетат на косата ако ги употребувате само еднаш неделно и со одредена термална заштита

1.Косата не треба да ја миете повеќе од трипати неделно, но ако морате, постои начин како таа да остане здрава и сјајна. За сите типови на коса најбитно е да користите добри препарати, односно оние кои истовремено ја зацврстуваат, обновуваат косата и го спречуваат кршењето на влакното.

2.Шампонот нанесувајте го само околу коренот и немојте премногу да го шампонирате остатокот од косата. Стилистот и фризер Натаниел Хокинс за списанието Allure изјави дека ако премногу го триете остатокот на косата, особено врвот, само ќе ја заплеткате косата во чворови. Бидејќи косата е најкршлива кога е мокра, тој чвор ќе предизвика кршење и понатамошно расцветување. Добро измијте го коренот на косата, тука најмногу се собира нечистотијата и маснотијата, а должината на косата само натопете ја со пената.

3.Косата никако немојте да ја чешлате додека е мокра. Нежно впијте остатокот од водата со крпа без триење. Поминете со прстите низ косата и лесно расплеткајте ја и исчешлајте ја откако ќе се исуши.

4.Четката за коса не треба да биде скапа, најважно е да има заоблени врвови. На горниот дел од дланката испробајте колку е таа груба или нежна. Со квалитетна четка кинењето на влакната е најминимално и со тоа косата најмалку се оштетува.

5.Американскиот дерматолог Мери П. Лого предлага косата да миете со што можно постудена вода, всушност онолку колку што може да издржите.

6.Откако сте ја измиле и благо сте расчешлале косата, исушете ја со крпа. Не ја собирајте во турбан и не ја тријте силно, бидејќи така ќе ги заплеткате врвовите, туку лесно бришете ја од коренот кон врвовите.

7.Пред да почнете да ја сушите на косата нанесете масло, крем или спреј за термална заштита. Така ќе го спречите пукањето на врвовите, предлага дерматологот Ранел Хирч.

8.Пеглата за коса, фигарото и фенот може и понатаму да го употребувате. Важно е да не претерувате, што значи да се обидете косата да не ја пеглате или виткате со фигаро после секое миење. Еднаш неделно е во ред, почесто од тоа ќе ја оштети косата.

9.Откако сте нанеле средство за термална заштита на косата, сте ја исушиле и сте почнале да ја пеглате, внимавајте на самиот начин на пеглање. Добро прочитајте ги упатствата, условите на производителот и на максималната температура и времето на пеглање. Користете пегла со керамички плочки, тие најмалку ја оштетуваат кожата.

10.Изберете фен за коса со јачина од најмалку 2000 W кој брзо ја суши, не стигнува да го прегрее влакното, како и четка од синтетички влакна. Нежно провлекувајте ја четката низ косата и фенот држете го на далечина од најмалку пет сантиметри од косата за да го избегнете нејзиното оштетување.

11.Избегнувајте бразилско (кератинско) рамнење на косата поради опасната количина на формалдехид.

12.Скоро сите бои за коса содржат пероксид која ја уништува еластичноста на косата што понатаму предизвикува кршење на влакното. Нанесувајте боја само на коренот, при крајот на процесот на боење расчешлајте ја бојата до врвовите и оставете ја бојата да делува само неколку минути. Следето го советот на Џени Томас, истражувачка на „Пантен“ и ако сакате да ја задржите свежината на косата употребувајте шампони наменети за обоена коса. Со нив косата ќе изгледа посјајно, поздраво, а бојата подолготрајна.

 

Објавено:
7 јуни 2013
Категорија: 
Убавина