Кои се најбогатите Оскаровци?

1 март 2014

 

Меѓународната компанија од Сингапур „Wealth X“, која е специјализирана за собирање информации за светските супербогаташи, изготви листа на најбогатите холивудски ѕвезди што во својата кариера успеале да освојат Оскар. Пописот на најголемите мултимилионери меѓу Оскаровците, објавен е само неколку дена пред свеченото доделување, кое се одржува утре во Долби театарот во Лос Анџелес. На првото место е трикратниот добитник на златната статуетка, Џек Николсон, чиј имот се проценува на 390 милиони долари. На втората позијата е актерот Том Хенкс, кој двапати освои Оскар, а неговото богатство изнесува 350 милиони долари. Со имот од 310 милиони долари на третото место е позициониран актерот Роберт де Ниро, исто така сопственик на два Oскара, а третата позиција ја дели со пејачката и актерка  Барбара Стрејсенд која во 1969 година доби Оскар за улогата во филмот „Смешна девојка“.

Следен е Шон Конери со имот вреден 250 милиони долари, а досега има освоено еден Оскар. На листата се најдоа и Џорџ Клуни, Мајкл Даглас, Ентони Хопкинс, Робин Вилијамс како и актерката Сандра Булок.

Објавено:
1 март 2014
Категорија: 
Сцена