Пролетниот излог на Прада-уметничка инсталација во духот на 60-тите

6 март 2014

Доколку се наоѓате во Њујорк и уживате во прошетката низ Петтата Авенија, не заборавајте да го посетите трговскиот центар Бергдорф Гудман, каде што Прада ќе  измами воздишки со новата уметничка инсталација која е целосно во духот на пролетта.

На оригиналната визуелизација на излогот на една од најпознатите модни куќи во светот не беа ангажирани само декоратери, уметници и визуелни менаџери, туку и фреско сликари и илустратори, кои имаа задача да изработат уметничко ремек дело кое ќе биде спој на репрезентативност, женственост, моѓ и колоритност. Највпечатливи беа женските портрети во вид на фрески изработени од Мајлс Ел Мас Мекгрегор, кој ги насликал специјално во Милано.

Инспирацијата за да се создадат вакви креативни излози за пролет-лето колекцијата на Прада потекнува од 60-тите. Главна одлика се трапезоидните силуети, светлите бои кои се рефлектирани во изгледот и дизајнот на прозорите, а уметничкиот момент е нагласен во пролетниот дух на колекцијата. Неколку модели на чанти и чевли веќе добија свои женски портрети, кои се надополнети со украсни камења во разни бои, како симбол на цвеќињата.

Објавено:
6 март 2014
Категорија: 
Актуел