Направи сама: Трансформирајте ја вашата стара чанта во нова

7 март 2014

Сигурно имате чанта од антилоп или некоја друга платнена ткаенина, која веќе ви досадила или пак ја замислувате во некоја друга нијанса или прнт,  кој полесно би се вклопил со вашите нови комбинации. Во продолжение ви предлагаме сами да ја преобразите вашата чанта, а за истото ќе би биде потребно само хартија, скалпел и боја за ткаенини,  чија нијанса изберете ја по вашите потреби и вкус. Графичкиот принт како од фотографијата,  најпрвин ќе го нацртате на хартија, а потоа со скалпелот ќе ја исечете внатрешноста на формите. Откако ќе завршите до сечење, ставете ја хартијата врз чантата и внимателно со четка и боја потполнете го секое дупче. Внимавајте само да не ставите премногу боја која ќе навлезе повеќе од потребно. На крај оставете добро да се исуши. Вашата нова чанта е готова!

Објавено:
7 март 2014
Категорија: 
Направи сам