Популарниот бред за аксесоари Шарлот Олимпија се подготвува за решавање на основните додатоци од гардеробата на жената. Станува збор за лансирање  линија чанти и обувки во ретро стил. Структурираната чанта ја има во неколку нијанси и е изработена со една рачка која е директно инспирирана од винтиџ стилот. Освен овој модел, колекцијата вклучува уште неколку клач варијанти кои одат во пар со елегантни дамски ракавици.

 

Во однос на обувките и Шерлот Олимпија како и многуте дизајнери, го нуди животинскиот леопардов принт и потпетицата со средна висина. Нивната цена изнесува од 630  до 900 долари, а секој пар доаѓа во кутија дизајнирана како куфер.

Објавено:
10 март 2014
Категорија: 
Модни додатоци