Том Форд лансираше своја онлајн продавница

26 март 2014

Провокативниот дизајнер Том Форд препознатлив по ултра сексапилниот дизајн на своите модели, лансираше своја онлајн продавница (www.tomford.com) на која за глобалната интернет публика сега се достапни сите парчиња од неговите актуелни колекции.

Продавницата е категоризирана во неколку сектори: облека за мажи и жени, аксесоари за мажи и жени, козметички производи, како и специјална категорија за очила за сонце за двата пола.

Графичкиот дизајн на продавницата во целина е доследен на препознатливиот стил на дизајнерот: модернистички минимализам со голема доза на сексапил.

Објавено:
26 март 2014
Категорија: 
Актуел