Ирина Шајк ја доби првата филмска улога
•
27 март 2014
Руската убавица Ирина Шајк во месец јуни за прв пат ќе ја видиме и на филмското платно. Станува збор за улога во популарниот филм „Hercules: the thracian wars“, во кој главната улога ја има актерот Двејн Џонсон, чија партнерка е манекенката Шајк.
Инаку, Ирина претходно се има појавено во неколку серии, а во оваа митска приказна таа ќе игра улога на принцеза заљубена во Херкул.
Актерот Џонсон кој е попознат како „Стена“ активно ги „пумпа“ мускулите, а во пар наврти објави и фотографии од напорното вежбање за оваа улога.