Декоративни велигденски јајца од модната куќа Елена Лука

17 април 2014

Како и неколку години наназад, модната куќа Елена Лука и за овој Велигден подготвува дизајнерски велигденски јајца кои по својата изработка се уникатни, со одредена тематика и претставуваат вистинско ремек дело.

По примерот на голем број модни куќи кои решија својата креативност да ја преточат во интересно вапсани јајца, Елена Лука оваа година користејќи  текстилна боја, обложена тантела испрскана со спреј, тока, цветни додатоци, бисери, срма и украсно сено ја приготви својата корпа велигденски јајца, кои и оваа година се изработени за посебна цел. Тие ќе бидат дел од настанот „Хуманитарно Велигденско јајце“,  лицитација организирана од страна на Здружението Кралицата Есма и Стево Теодосиевски во хотелот Континентал, а собраните средства ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

 

 

 

Објавено:
17 април 2014
Категорија: 
Актуел