Модна куќа ви овозможува сами да ги одбирате трендовите за следната сезона

27 април 2014

Модниот бренд Carte Blanche е сосема поинаков од сите останати брендови за облека во светот. Имено, тие никогаш не ги следат слепо трендовите, туку на сосема едноставен начин и се обраќаат на женската популација за таа самата да избере што сака да носи следната сезона.

На нивната Интернет страница сите обожаватели на модата и оние што сакаат уникатен примерок, можат да гласаат од неколку примероци и трендови во кои што навистина се заљубени.

„Дизајнерите не создаваат нешто што не им се допаѓа и нешто што не сакаат да го носат. Токму поради тоа, многу често на потрошувачите им останува само да се надеваат дека следната сезона можеби ќе го добијат она што тие го сакаат. На овој начин, во било кое време можат да си го нарачаат она што во моментот сакаат да го носат“, вели основачката Моника Но.

Деби колекцијата на Carte Blanche содржи пет одлични фустани кои што се апсолутно флексибилни и адаптибилни на вашиот плакар. Прекрасните и лесни материјали изгледаат тотално луксузно и женствено, а боите со кои изобилува компанијата едноставно неверојатни!

Она што сега ни преостанува е да гласаме за фустанот што најмногу ни се допаѓа, за потоа истиот да премине во масовно производство.

Замислете си каков ќе биде светот доколку и големите дизајнери како Шанел или Валентино се консултираат со своите обожаватели и клиенти пред да направат колекција?

Објавено:
27 април 2014
Категорија: 
Актуел