s.Oliver: Колекции за сите типови

12 мај 2014

basic

Ако судиме според каталозите на s.Oliver за актуелната сезона, не чека весело и разиграно лето. Интензивните бои и веселите принтови се дел од карактеристиките на овој бренд, а така е и за колекцијата за пролет-лето 2014. Многу  шаренило, впечатливи комбинации кои не само што ќе ве направат забележливи кај останатите, туку и ќе ви го подобрат расположението.

Тоа не значи дека колекцијата ја изгуби препознатливата софистицирана нота - напротив. Едноставноста по која и препознатлив и познат s.Oliver и овој пат е застапена. Овој бренд посебно им се допаѓа на оние што имаат деца, затоа што во нивната понуда се застапени колекции за сите - и мажите и жените и децата.

basic

Освен основната колекција, брендот претстави уште неколку меѓу кои и Triangle by s.Oliver, наменета за жените со облини (конфекциски број над 40), како и Јуниор колекција.

triangle

s.Oliver Junior

Погледнете ја нивната замисла за тоа како треба да изгледате ова лето.

 

Објавено:
12 мај 2014
Категорија: 
Колекции