Летни ретро вибрации на плажа во Венеција

18 јуни 2013

 

Сексапилниот модел од Намибија Бехати Принсло во неверојатно секси издание позираше на плажа во Венеција  за Jalouse.  Едиторијалот го изработи Бјарне Јохансон, а дизајните се стилизирани од страна на Џенифер Ејмер. Ангелот на Викторија Сикрет си играше во песокот облечена во шарени костими за капење, од модните куќи на Мајкл Корс, Емпорио Армани и Карвен. Модните додатоци како патики и накит ја засилија и онака позитивната  атмосфера надополнета со многу стил и сончеви ретро вибрации.

 

 

Во продолжение погледнете ја галерија и дозволете да ве маѓепса морската шир:

Објавено:
18 јуни 2013
Категорија: 
Актуел