Топшоп се инспирираше од феноменот „селфи“
•
21 мај 2014
Дизајнерот кој работи под етикетата Ashish ја претстави својата десетта колекција за комерцијалната етикета Топшоп. Колекцијата која содржи маици, фустани и крпи со натписи „My name is…“, „My room number is…“ содржи доза провокативност и препознатливиот хумор на Ашиш. Тој во својата основа го вметнува општествениот феномен „селфи“ како појдовна точка за растењето на егото како во модната сфера, така и на социјалните мрежи.
„Ашиш во колекцијата која е наменета како за во ноќен клуб, така и за во хотел и на плажа, е спој на препознатливиот стил и хумор на дизајнерот, креирајќи ултимативни изгледи за ова лето“ – изјавува Кејт Фелан, креативна директорка на Топшоп.