Мариса Веб е новиот креативен директор на Banana Republic

28 мај 2014

Американската линија за облека и аксесоари Banana Republic ја именуваше поранешната дизајнерка на J.Crew, Мариса Веб, за нов креативен директор. Откако го напушти одделот за производство на женска облека во J.Crew, дизајнерката со потекло од Кореја во јануари  на Њујоршката модна недела ја претстави својата прва самостојна колекција.

 

Нејзиното првенче за Banana Republic се очекува многу наскоро, а тоа ќе биде летна колекција за наредната 2015 година. Очекувањата се дека Мариса ќе го однесе брендот на едено повиско ниво, од кое секако очекуваат и поголем таргет на килиенти.

 

 

Објавено:
28 мај 2014
Категорија: 
Актуел