Модна прогноза за пролетната сезона 2015 за мажи

19 јуни 2014

Тридневната лондонска машка модна недела миксајќи ги класичните линии, авангардните кроеви и експериментирајќи со дизајнот, прогнозираше за машките модни трендови за идната пролетно-летна сезона.

 

Сите нијанси на розово

Иако розовата не е типична „машка“ боја, дизајнерите оваа година како да претендираа да го докажат спротивното, односно дека во модниот универзум не постои машко-женски свет. Па така оваa боја во сите нејзини нијанси во различни варијанти беше застапена кај повеќето пролетни колекции. Во новите линии на Topman Design и YMC, розовата суптилно се прелеваше во пудрести нијанси, додека кај Hackett  и Burberry на пример, видовме похрабри и интензивни тонови.

Hackett Hackett

Topman Topman

Burberry Burberry Prorsum

 

Издолжени силуети

Во основа, издолжените силуети во варијанта на наметки до глуждот или палта со средна должина до над колената ќе бидат често застапени особено во урбаната улична мода, доколку се водиме според прикажаното на Лондонската модна недела за мажи. Во колекцијата на J.W Anderson лежерните палта со едноредно закопчување се со отворен V израз и со должина до колена, а една друга минималистичка варијанта со геометриски принтови ни прикажа Александар Меквин.

Александар Меквин Александар Меквин

Astrid Andersen Astrid Andersen

J.W Anderson J.W Anderson

 

Метал во полн сјај

Металик трендот кој особено оваа сезона е актуелен во женската модна сфера како и кај аксесоарите, следната сезона ќе „сјае“ и во машкиот гардеробер. Сепак ова е тренд со чија примена мора да се внимава бидејќи границата меѓу допадливото и кичот е прашање на нијанси. На актуелната модна недела во Лондон, металик боите беа инкорпорирани во линиите на Common, Xander Zhou, Nasir Mazhar и Richard Nicoll.

Common Common

Nasir Mazhar Nasir Mazhar

Richard Nicoll Richard Nicoll

 

Бомбер јакни

Хитот од оваа сезона останува актуелен и идната. Бомбер јакните во мал милион варијанти ќе се носат и следното лето. Од Александар Меквин направија токму една таква модификација на принтана „бајкерска“ верзија.

Common Common

Александар Меквин Александар Меквин

Olivier Spencer Olivier Spencer

 

Шахвoски принт

Различна интерпретација на шаховскиот принт видовме во колекциите на Hackett и Olivier Spencer кои го користеле во широки димензии аплицирани на спортските јакни. Во спротивна варијанта, односно ситен шаховски принт доминираше во колекцијата на Richard Nicoll.

Hackett Hackett

Richard Nicoll Richard Nicoll

Olivier Spancer Olivier Spancer

 

Објавено:
19 јуни 2014
Категорија: 
Тренд