Урбана летна револуција со новите модели на старки

20 јуни 2014

Унисекс патиките кои години наназад важат за култен чифт, за оваа лето претрпеа мала деконструкција и модификација во однос на формата, боите, принтовите и материјалите. На познавачите и љубителите на старки, како оние до глужд така и ниските, сигурно ќе им бидат добредојдени новите модели од летната колекција на брендот. Конверс на пазарот пласира старки со бразилското знаме , но и малку изменета варијанта на оние со принт од англиското знаме кои се популарни години наназад.

Засега хит се оние со симболи од светското фудбалско првенство, но тука се и  цветните модели како и оние со тропски принт. Затоа ако имате план да се подновите со нов модел на летни патики, изборот нека биде на бесмртните старки.

Објавено:
20 јуни 2014
Категорија: 
Модни додатоци