Новата колекција „Summer Colours“ која модната куќа Елена Лука ја лансираше специјално за овие летни топли денови направи навистина  „бум“ во етерот. Претставничките на понежниот пол си дозволија вистинско „модно галење“ и одбраа модели кои дефинитивно ќе им го обојат летото во урбано, тренди и модерно секојдневие.

Макси фустаните отсекогаш имале цела армија на обожавателки, поради својот функционален крој, богатата текстура на дезени  и лелеавоста на материјалот. Затоа денес Елена Лука реши да ви предложи макси фустан изработен од најфин памучен материјал, кој презентира не само инвентивна игра на крој, туку и на принт. Во горниот дел фустанот има дискретно деколте кое е „крунисано“ со мали ракавчиња од страната. Композицијата има акцентиранa половина што ја нагласува совршената силуета, додека во долниот дел фустанот презентира брановидно и волуменозно здолниште во форма на А-крој. Низ креацијата шармантно се разиграни жолти, сиви и бели нијанси, кои се аплицирани врз црна нежна позадина на ткаенина.

Лесниот чекор, комфорноста и стилскиот изглед нека бидат вашиот заштитен знак. Бидете уникатни низ градските улици како вистинска модна икона.

Со љубов од Елена Лука!

Објавено:
27 јуни 2014
Категорија: 
Без категорија