Маестрална идеја за новиот излог на Ермес

3 јули 2014

Тешко дека случајните минувачи нема да застанат и да се загледаат во феноменалното дело, маестрално рачно изработена инсталација е направена од хартија и кожа. Централен лик во новиот излог е малата лисица, која е опкружена со хартиени предмети во својот имагинарен дом.

Во излогот  може да се најдат хартиена маса, комода, ретро телефон, слики на ѕидот, ламби и столици во препознатливата портокалова боја на модната куќа. Модните додатоци како што се свилените марами, вратоврски, ремени и чевли се умешно вклопени во целосната идеја на излогот. Маестрално изведена идеја!

Објавено:
3 јули 2014
Категорија: 
Култура