Прекрасна нова кампања на Балман со модели од различни националности

4 јули 2014

Секоја сезона, најголемите критики во модната индустрија се однесуваат на недоволната ангажираност на модели од различни раси и сѐ поголемата ангажираност на белите девојки.

Иако ова е прашање што се отвора буквално секоја сезона, многу малку дизајнери извлекоа поука од тоа и променија нешто во своето работење.

Се чини, најголемата поука ја извлече креативниот директор на Балман, Оливер Рустенг, кој направи одлична рекламна кампања за брендот во која ангажираше само една бела девојка!

Фотосесијата ја направи Марио Соренти, а во неа се појавуваат шест навистина прекрасни модели од кои само една од нив е бела и тоа е секако – Кара Делевињ.

Покрај неа, во новата кампања на Балман се појавуваат Џордан Дан, Исауни Брито, Иса Лиш, Бинкс Валтон и Кајла Скот, сите облечени во неверојатно добри парчиња од модната куќа стилизирани од Кејти Гранд.

Постојан во давањето совети на својата генерација и „гласното“ зборување, 28 – годишниот дизајнер со оваа кампања сака да ја покаже убавината на „различните националности“.

Па кој може ова подобро да го направи од ова прекрасно, црно момче вработено во француска модна куќа!?

Објавено:
4 јули 2014
Категорија: 
Актуел