Вимблдон vs. Формула 1: Познатите докажаа дека се вистински спортски фанатици!

7 јули 2014

Вчерашниот ден беше вистински празник за сите вљубеници во спортот! Познатите личности уште еднаш докажаа дека се вистински спортски фанатици, со оглед на тоа што тие заземаа најмногу од местата на финалето на Вимблдон, но и на трката Формула 1.

Дека јавните личности повеќе го преферираат тенисот како спорт, покажаа и полните трибини на годинешното финале на Вимблдон, а особено „Кралската трибина“ која годинава изобилуваше со познати лица.

Пипа Мидлтон Пипа Мидлтон

Најголемо внимание на финалето дефинитивно предизвикаа принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт кои уште еднаш покажаа дека обожуваат тенис со оглед на возбудата што можеше да се види на нивните лица.

Прекрасната Кејт уште еднаш докажа дека е една сосема обична девојка, кога на финалето се појави во фустан на Џонатан Сандерс во кој можевме да ја видиме назад во 2012 – тата кога се појави во истиот на нејзиното патување на Соломонските острови. Нејзиниот сопруг, како и секогаш, беше неверојатно елегантен во темно син костим во комбинација со бела кошула, сина вратоврска и тренди очила за сонце.

На вчерашното финале на Вимблдон се појави и сестрата на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон, која уживаше во одличниот тенис заедно со нејзиното момче Нико Џексон и нејзината мајка и татко Керол и Мајкл Мидлтон.

Вистински празник за очите беа прекрасните Дејвид и Викторија Бекам кои изгледаа навистина кралски и ултра софистицирано – тој во шик палто во темно сина боја со златни копчиња во два реда во комбинација со беж панталони, а неговата сопруга во тренди фустан во неколку бои.

Во „Кралскиот дел“ можевме да ги видиме и актерот Семјуел Л.Џексон, Бредли Купер заедно со неговата девојка Суки Ватерхаус, потоа прекрасната актерка Кејт Бекинсејл, Бер Грилс со неговата сопруга, актерот Крис Хемсворт, Орландо Блум и тотално непрепознатливиот Хју Џекман.

Хју Џекман Хју Џекман

Покрај одличното финале на Вимблдон во кое Новак Ѓоковиќ извојува победа над Роже Федерер, бројни познати личности уживаа и во одличната трка на Формула 1 за Големата награда на Велика Британија во која на домашен терен победи одличниот Луис Хамилтон.

Луис Хамилтон Луис Хамилтон

Токму таму, можевме да ја видиме прекрасната Наоми Кемпбел во целосно бело, лежерно издание со тренди очила за сонце. Покрај неа, на трката можевме да ги видиме и Ерик Клептон, принцот Хари, актерот Мајкл Фасбендер, Мет Ле Бланк, Антонио Бандерас, Берни Еклстоун и актерот Џад Ло.

Мет Ле Бланк Мет Ле Бланк

Во продолжение, погледнете ја атмосферата од одличните натпревари и бројните познати личности кои неделата одлучија да ја поминат уживајќи во одличниот спорт!

Објавено:
7 јули 2014
Категорија: 
Сцена