Дита фон Тиз – Спој на класика и еротика

24 јуни 2013

Иако многумина посакуваат линија каква што има Дита фон Тиз, таа признава дека напорно работи за да ја одржи.

-Бев на снимање и мејк ап артистот ме натера да ставам перика со седа коса, додека сѐ уште бев со мојата облека. Сфатив дека изгледам одлично. Бев вистинска постара госпоѓа со стил. Нема потреба да го менувам својот изглед кога ќе остарам. Тој соодветствува на секое време. Не сум сигурна што ќе носи Парис Хилтон кога ќе наполни 70 – вели контроверзната Тиз.

Освен што е танчерка, таа е и дизајнерка, но и љубителка на класичната еротика од 1930-тите и 1940-тите, па токму во тој стил се работени голем број од нејзините едиторијали, што ги работи исклучиво со најдобрите светски фотографи.

Не се срами да каже дека кариерата ја започнала како порно ѕвезда, но стилот својствен за тие дами не го негува. Дита сана модна икона и муза на бројни креатори. Досега зад себе има неколку колекции за долна облека, а вистинска револуција направи и со 3Д фустанот, наменет за жените на нејзина возраст.

Уште еден од миговите кои ја прават да биде модна икона е тоа што таа каде и да оди, изгледа совршено.

-Очилата за сонце се едни од моите тајни за убавина – признава Дита. Пудра, црвен кармин и очила за сонце. Сите мислат дека јас секогаш сум средена комплетно, но јас имам само кармин – открива таа.

Препознатлива е и по брановидната коса. А открива и како ја прави.

- Најчесто ја мијам косата три пати неделно и секој пат користам маска. За важните случувања, најчесто сама си ја средувам косата. Користам жешки витлери. Купувам неколку пакувања и потоа ги фрлам големите, ги користам само средните и малите. Но, на косата ставам околу 30-тина. Кардиците, односно брановите ќе ги добијам, но не е лесно да ги задржам црврти. Затоа корисам спреј, кој за жал не се произведува повеќе. Се работи за Ecoly Willow Bark Heat Curling Lotion Spray.

Уште еден од нејзините неприкосновени модни правила е лакот за нокти. Тој секогаш мора да го има и секогаш да е во црвена боја. А кога се во прашање парфемите, тука е мошне специфична.

Ги сакам парфемите од минатото. Порано, имаше парфеми кои не мирисаа како малите девојчиња, на бомбони и ванила. Марлен Дитрих во никој случај не би ставила парфем кој има ванила во него. Многу познати личности мирисаат на спреј што го користат стриптизетите. Јас сум стриптизета и работам во стриптиз клуб, но не сакам да си дозволам да мирисам на тоа. Дел од моите омилени парфеми се Quelques Fleurs и Lancome Magie Noire. Jean Paul Gaultier Classique исто така е убав. Мириса на шминка – изјави Дита фон Тиз, која има веќе два свои парфеми.

Објавено:
24 јуни 2013
Категорија: 
Модна икона