Лежерна комформност со новата колекција на Асос

15 јули 2014

Асос понуди интересен микс на парчиња лесно прилагодливи како за дневен, така и за деловен изглед.  Тоа е предноста на колекцијата со наслов „White“, која воедно е лежерна, но со сутилна доза на префинетост која ја карактеризираат чистите линии и форми.

Покрај еднобојните модели и принтовите, во колекцијата е застапен и трендот кој сезонава е апсолутен хит – кошула фустан.  Дамите кои не сакаат да го жртвуваат личниот стил на сметка на деловниот дрес код, ќе бидат воодушевени од новата колекција на Асос.

Објавено:
15 јули 2014
Категорија: 
Колекции