Инстаграм манија: костими за капење на познатите дами
•
25 јули 2014
Инстаграмот е преполн со фотографии од селебрити личности кои патуваат на егзотични места за време на нивните годишни одмори. Руската трендсетерка Елена Перминова за летно уживање одбра костим за капење во стилот на 50-тите години, односно едноделен костим во црна боја со златни копчиња на него како детали.
Сепак најголемиот број модни трендсетерки решија ова лето да уживаат во моделите на Лиса Марија Фернандез, а како доказ за тоа се едноделниот костим на Маргерита Мисони и двата модела на Попи Делевињ – едниот е црвен дводелен костим за капење со набори на едната страна,а вториот е во пруги. Во продолжение погледнете кои модели на костими за капење се апсолутен хит на Инстаграм.