Во Сан Диего секоја година се одржува интернационалната годишна конвенција на љубителите на стрипот и анимираните јунаци - Comic Con. И оваа година посетеноста беше голема, посетителите се маскираа во омилените ликови, па низ улиците можеше да се види сосема нов свет.
Comic Con е интересен за голем број познати личности што не пропуштаат да се појават на настанот. Некои од нив се дел од најновите остварувања за анимираните и стрип јунаците, додека пак другите во ова гледаат одлична можност за другарување и „да се биде виден“.
Големиот број на познати личности беше одлична за оние што ја следат модата да ги изберат оние со највпечатлив односно најдобар стајлинг. Од Кејт Бланшет се очекуваше повеќе. Розовиот фустан иако добро и' прилега на фигурата, сепак не успеа да не' воодушеви. Меган Фокс беше вистинска амазонка, а Нина Добрев покажа дека е вистинска следбеничка на трендовите.
Најголемите симпатии на ова издание ги собра убавата Џесика Алба која се појави во волуменозно здолниште до глужд со принт, црн топ и бохо сандали.
Во рамки на настанот, мрежата Ентертејмент организираше и традиционална Comic Con забава, а кој се беше присутен и што облече, погледнете во продолжение: