20 модели на широки панталони за лежерно и лесно лето!

29 јули 2014

По неколку сезони на масивно носење на фармерки и тесни панталони, конечно на пиедесталот дојдоа широките панталони што полека го освојуваа заслуженото место од сезона во сезона.

Ги има во секаква форма и големина, без разлика на тоа дали ќе се одлучите да облечете вакви панталони за на работа или пак за лежерна прошетка низ парк.

Иако во неколку наврати пишувавме за широките панталони со висок струк за на работа со кои девојките се опседнаа оваа сезона, дефинитивно уште еднаш мора да посочиме дека тие се одличен избор за секаква комбинација!

Ова лето, нема ништо поудобно од нивните сојузнички, широките панталони за лежерна прошетка. Сезонава, можете да ги најдете во безброј бои, дезени, принтови, модели и слично. Со оглед на тоа што ваквите модели се омилени и на светските трендсетерки, модните куќи непрестајно лансираат нови модели.

Омилените за оваа сезона се оние на Клое, H & M, Џонатан Сандерс, безбројните модели на Асос, но и новиот лондонски талент Томас Тајт.

Покрај тоа што овие модели на широки панталони се сосема неодоливи, ова лето тие ќе бидат и вашите најдобри сојузници во борбата против високите температури.

Доколку сѐ уште не си набавивте еден чифт, сега е вистинското време за инспирација и секако, за шопинг!

Објавено:
29 јули 2014
Категорија: 
Тренд