Гламурот и елеганцијата се карактеристики кои би сакала да ги поседува секоја дама, барем кога е стилот во прашање. Модната куќа Елена Лука  веќе пет години креира луксузни модни приказни за сите припаднички на понежниот пол. Последната колекција за пролет-лето 2014 година насловена „Златни узди“, понуди палета на модели кои се спој на софистицираност, женственост и префинетост. Затоа,  за денес креативниот тим на брендот одлучи да ви предложи тоалета од својата последна колекција.

Станува збор за долг фустан во бела боја, целосно изработен од органтин со рачна апликација на златна тантела. Во горниот дел моделот е корсетиран, со романтично нагласено деколте поради прекрасниот златен тантелен дезен. Композицијата во целост е изработена во инвентивна мулаж техника и претставува брановидна игра на парчиња кои се лелеават по должината на вашата силуета. Бидете синоним за грациозност и уникатност, носете Елена Лука.

Објавено:
31 јули 2014
Категорија: 
Без категорија