1960-тите години инспирација за ресорт линијата аксесоари на Кавали
•
18 август 2014
Италијанската модна куќа Роберто Кавали, во својата ресорт линија на аксесоари за 2015 година се инспирира од 60-те години на минатиот век, како еден од најинвентивните модни периоди.
Со оглед на фактот дека Кавали е познат по иницијативата секогаш да остави богат визуелен печат, инспиративниот извор е одлично синхронизиран со неговата потреба да се биде забележан, а резултатот е сведен на голем број додатоци, многу нитни, блескави камења, игра со форми, животински принтови по кои впрочем и е препознатлив. Едноставно речено, глам рок во една софистицирана, женска варијанта.
Инаку последните информации поврзани со луксузната италијанска етикета е дека 60% од истата ги откупила руска компанија.