11 чифта мокасини за безгрижен премин од лето кон есен

27 август 2014

Мокасините се едни од оние чевли кои од година во година почнуваме сѐ повеќе да ги цениме и сакаме.

Без оглед на нивната популарност во одредени периоди, фактот дека никогаш во целост нема да излезат од мода, прави истите да станат неопходен дел од нашата гардероба и секако, безвременски класици.

Во последните неколку сезони, мокасините добија огромен дел од вниманието на светските модни куќи, но и од трендсетерките ширум светот кои едноставно ги обожаваат.

Титулата на омилено парче меѓу девојките, мокасините дефинитивно ќе ја носат и следната сезона, а особено во оној период кога од лето преминуваме кон есен.

Оваа година, скоро и да не постои бренд што во својата понуда не крие барем по еден модел и тоа најчесто оние со малку подебела платформа, реси, златни ланчиња како украси и што уште не.

За во целост да си го олесните периодот на транзиција од лето кон есен, на време набавете си го својот нов омилен чифт мокасини, што ќе им пркоси на ниските температури во комбинација со тренди чорапчиња, а ќе можете да ги носите и во последните летни денови.

Ние во продолжение, ви предлагаме мала инспирација за шопинг.

Објавено:
27 август 2014
Категорија: 
Модни додатоци